Шпанската Влада го осуди насилството во текот на протестите на каталонските сепаратисти во Барселона и другите градови на Каталонија, наведувајќи дека нејзина цел била и останува гарантирање на безбедноста во регионот.
„Малку луѓе се обидуваат да предизвикаат насилство на улиците на каталонските градови“, се наведува во соопштението на владата, во кое се истакнува добрата координација на регионаната и националната полиција.
Веќе втора вечер по ред избиваат насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата во Барселона, а во Шпанија е отворена истрага за групата Демократски цунами која ги организира протестите заради осудителните пресуди на лидерите на каталонските сепаратисти.
Судирите почнаа во понеделникот вечерта, а протестите истиот ден откако Врховниот суд во Мадрид осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти на казни од девет до 13 години затвор заради нивната улога во неуспешното прогласување на независносата на Каталонија во 2017 година.