сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СБ на ОН денеска по вторпат ќе расправа за турската акција во Сирија

СБ на ОН денеска по вторпат ќе расправа за турската акција во Сирија

Советот за безбедност на Обединети нации најверојатно денеска ќе расправа за турската воена операција во Сирија, јавија агенциите повикувајќи се на неименувани извори.

Западните агенции јавуваат дека консултациите ги побарале Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска, поточно европските членки во СБ на ОН.

Според најави од неименувани дипломати, разговорите ќе се одржат зад затворени врати.

Ова треба да биде втор состанок на СБ на ОН од почетокот на турската воена офанзива во северна Сирија, што почна на 9 октомври.