петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ и Британија постигнаа договор за Брегзит

ЕУ и Британија постигнаа договор за Брегзит

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и британскиот премиер Борис Џонсон потврдија дека е постигнат договор за излегување на Велика Британија од Европската Унија.

Јункер и Џонсон, договорот за Брегзит го потврдија и на Твитер.

-Добивме нов договор кој ни ја враќа контролата. Сега се чека уште парламентот да го излага договорот за Брегзит во сабота како би можеле  да преминеме на останатите приоритети како што се трошоците за живот, насилниот криминал и нашето опкружување, напиша Џонсон.

Се огласи и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер.

-Таму каде што постои желба, постои и договор. Го имаме! Тоа е правилен и израмнет договор за ЕУ и Велика Британија и доказ за нашата посветеност за изнаоѓање на решение, напиша Јункер.