Со голот на Лис Мусе, Шефилд јунајтед синоќа во последниот натпревар од 9. коло од шампионатот на Англија, го совлада Арсенал со 1:0.
„ Топџиите“ ја прекинаа серија од пет средби без пораз, додека домаќините ја забележаа третата победа оваа сезона.
На табелата во Премиер лигата, Арсенал со 15 бода остана на петтото место, Шефилд со 12 боде е на 9. позиција.