среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФФМ му честиташе на Андоновски: Убаво е кога добри работи им се случуваат на луѓе кои се чесни кон својата работа

ФФМ му честиташе на Андоновски: Убаво е кога добри работи им се случуваат на луѓе кои се чесни кон својата работа

Фудбалската федерација на Македонија му честиташе на Влатко Андоновски кој е именуван за нов селектор на американската женска фудбалска репрезентација која е актуелен светски првак.

-Баш е убаво кога добри работи им се случуваат на луѓе кои се чесни кон својата работа, кои не калкулираат и знаат што сакаат во животот! Нашиот Влатко АНДОНОВСКИ стана селектор на светскиот првак – женската репрезентација на САД. Влатко е голем господин, честитки!, стои во објавата на ФФМ.