сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кумановец од својот дом со воздушна пушка испукал кон соседна куќа, ја оштетил, па се заканувал на семејството

Кумановец од својот дом со воздушна пушка испукал кон соседна куќа, ја оштетил, па се заканувал на семејството

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 13.07.2019 на ул. „15 – ти Мај“ во Куманово пријавениот од својот дом со воздушна пушка испукал во правец кон куќата сопственост на С.П., при што направил оштетување на фасадата од куќата, а потоа упатил закани по животот и семејството на С.П.