понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Жените полудеа по ова: Секси Русин ги шиша со секира (ВИДЕО)

Жените полудеа по ова: Секси Русин ги шиша со секира (ВИДЕО)

Фризерот Данил Истомин од градот Новосибирск во Русија стана познат по сосема невообичаена метода на шишање.

Тој користи секира и притоа објаснува дека тоа е едноставна метода за која не е потребно ништо друго освен познавање геометрија.

Стекна популарност откако на телевизија беше прикажано видео во кое се гледа дека тој со секира шиша жена во ресторан.

Во својот салон има дрвена површина на која муштеријата ја става главата за да може тој да има подобар пристап до косата. По грубото шишање, Данил преминува на финеси и ја завршува фризурата користејќи спрејови и препарати како и „обичните“ фризери.

Данил не е првиот кој ја применува оваа застрашувачка техника на шишање. Во текот на 30-те и 40-те години од минатиот век било сосема вообичаено косата да се крати со секира. Всушност, тогаш не од исти причини, бидејќи порано со тој чин го покажувале квалитетот, острината и прецизноста на секирата на потенцијалните купувачи.