петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Двајца мигранти од кампот „Мирал“ во БиХ заболеле од маларија

Двајца мигранти од кампот „Мирал“ во БиХ заболеле од маларија

Во прифатниот центар за мигранти „Мирал“ во велика Кладуша двајца мигранти се заразени со маларија, соопштија официјални претставници во БиХ.

-И минатиот месец едно лице беше заразено со маларија, изјави министерката за за здравство на Унско-санскиот кантон Нермија Чемаловиќ.

Меѓу мигрантите досега се регситрирани заболени од сида, хепатитис Б и Ц и туберколоза, пренсе дневниот весник Дневни аваз.

Чемаловиќ навела дека ресоното минитерсвто секоја недела добива извептај за здравствената состојба на мигрантите од сите прифатни центри на подрачјето на овој кантон – „Мирал“, „Бира“, „Детскиот дом во Боричи“, „Сидра“ и „Вучјак“ .

Според неа, заболените мигранти, штом малку заздрават на инфективно одделение, бегаат од болницата, па нивното сдвижење потоа е без надзор од властите.

Таа предупредува дека овие лица потоа се сериозна опасност за  локалното население.