Најмалку десет лица загинаа, и повеќе од 30 се повредени во експлозија на пазар во сирискиот град Тел Абијад во близина на границата со Турција, јавија турските медиуми и Сириската организација за човекови права.
Според нив, протурски борци и цивили се меѓу загинатите и повредените во експлозијата на автомобил-бомба.
Во тој град се водат најнасилните судири откако турската војска почна офанзива минатиот месец против курдските милиции во североисточна Сирија.