вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Почина пешак: Трагедија на патот Струмица- Ново Село

Почина пешак: Трагедија на патот Струмица- Ново Село

Утрово во 00:02 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Струмица- Ново Село, во с.Дабиле, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „фиат пунто“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(23) од с.Секирник удрило во пешак В.В (59) од с.Дабиле.

Од здобиените повреди пешакот починал на самото место.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Струмица.