недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Почнува 8. самит „Македонија 2025“

Почнува 8. самит „Македонија 2025“

Во Скопје од денеска до петок ќе се одржи осмото издание на самитот „Македонија 2025“водечка регионална платформа за споделување знаења, поврзување бизниси и инспирирање промена во Југоисточна Европа.

На тридневната програма на самитот се 10 панел-дискусии и засебни тематски сесии, на кои се најавени 50-тина говорници од државава и странство.

Во фокусот на самитот се иновациите и нивното влијание во заштитата на животната средина, иднината на работните места и вештините.

Најавени се дискусии и за глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање мали и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски дигитални платформ-компании…