четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Обвинителството ги чека од МВР доказите за следењето на новинарот Героски

Обвинителството ги чека од МВР доказите за следењето на новинарот Героски

Основното јавно обвинителство Скопје ги чека доказите од МВР во врска со наводното следење на новинарот Бранко Героски, пишува МКД.МК. Тој вчера со статус на Фејсбук предупреди дека после неговите текстови за скандалите со случаите Рекет и Рекет 1, бил следен, поседувал докази и веќе поднел пријава, а го повика и Обвинителството најдоцна до утре да му одговори дали и што сработиле.

Јавното обвинителство вчера беше повикано да даде одговор на тоа до каде е постапката за овој предмет, во спротивно Героски најави дека ако до среда, односно 20 ноември не добие одговор, со напис на неговиот портал ќе ја информирал јавноста.

Од обвинителството за МКД.МК велат дека се работи на овој предмет, но се чекаат доказите за кои е издадена наредба до МВР, по која уште се постапува.

Најнови вести