После пуштањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во куќен притвор, со реакција преку Фејсбук се јави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порачувајќи дека правда ќе има и дека таа ќе важи за сите.
-Зоран Заев вети дека ќе го отвори судството како пупка…секој ден гледаме на што мислел. Што е со инспираторот за Рекет, или тука на неколкумина ќе запре се? Што е со парите од куферот, што е со предупредувањето до обвинетите дека се пријавени, што е со многу прашања на кои јавноста нема одговори. Многу поминавме уште малку остана. Правда ќе има и таа ќе важи за сите. Доаѓаат и одговорите на дилемите. Обновата доаѓа!, пишува на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски