петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: И официјално, Антикорупциска ја поби лагата на власта за Мицкоски, обвинувањата за неговиот имот се НЕОСНОВАНИ

ФОТО: И официјално, Антикорупциска ја поби лагата на власта за Мицкоски, обвинувањата за неговиот имот се НЕОСНОВАНИ

Дравната комисија за спречување на корупцијата и официјално ја донесе одлуката за наводите кои беа застапувани од СДСМ дека Христијан Мицкоски наводно незаконски се стекнал со имот и изградба на малии хидроцентрали.Во таа одлука се констатира дека таквите обвинувања се неосновани, односно поради недостик на докази нема потврда на наводите.

Имено во одлуката стои “врз основа на допрен глас за злоупотреба на службената положба и овластувања од страна на Христијан Мицкоски, во периодот 2015-2017 година кога како светник на премиерот на Владата на Република Македонија од областа на енергетиката, член на Надзорен одбор, а потоа и член на Упрвен одбор и Генерален директор на АД Еектрани на Република Македонија влијаел при одлучувањето и избор на најповолна понуда за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 80 млади хидроелектрични централи,како и влијаел на разни согласности за долготраен закуп на грaдежно земјиште одобренија за градење итн,  во корист на правното лице Минка Енерготек Доо Скопје каде Христијан Мицкоски има спственички удел СЕ ЗАПИРА поради непотврденост на наводите.

Во образложението на одлуката на Аникорупциската комисија биле разгледувани мислењата и била чешлана документцијата од 8 различни институции, министерства и агенции, при што ниту еден документ не го потврдува наводот дека станува збор за било каква злоупотреба.

“Од обезбедените документи и даденото о бјаснување, видно е дека во периодот на носење на одлуката за избор на најповолна понуда по Јавен повик за прибирање на понуди за доделување на концесија за користење на вода за изградба на 80 мали хидроцентрали, Христијан Мицкоски немал никаков ангажман од страна на Владата на РМ, ниту пак имал некаква функција во АД ЕЛЕМ” стои во образложението.

Наспроти тврдењата на СДСМ за постоење конфликт на интереси, Државната Комисија за спречување на коруцијата констатира дека Христијан Мицкоски бил именуван за советник на премиерот дури девет месеци по објавата на одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесија, односно дури една година по назначувањето за член на Надзорниот одбор на АД Елем.

Воедно Држаната комисија за спречување на корупцијата констатира дека Концесионерот, конзорциумот Мина Енерготк ДОО понудил цврста финансиска гаранција за своите намари за што склучил и договор за долгорочен кредит со деловна банка. Се истакнува дека од “01.10.2019та гдина Христијан Мицкоски воопшто не е сопственик на друштвото”, односно како што и самиот Мицкоски нагласи,  тој излегол од овој бизнис, посветуваји се на политикатаа, при што повика и останатите политичари да го следат неговиот пример.

Мицкоски по ваквата одлука на Антикорупциска соопшти дека нема лага на СДСМ која не се распрсна како меур од сапуница, и дека додека тие лажат ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи и придонесува за државата.

Најнови вести