петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Извршен надзор по пријава дека тројца ученици малтретирале цимер во Кавадарци

Извршен надзор по пријава дека тројца ученици малтретирале цимер во Кавадарци

Просветна инспекција извршила надзор по пријавата дека тројца ученици малтретирале цимер во ученичкиот дом во Кавадарци,  потврдуваат за МИА од Државниот просветен инспекторат.

– Извршен е инспекциски надзор во ДУД „Крсте Петков Мисирков“ Кавадарци и составен е записник. Утврдено е дека постоел одреден инцидент и врз основа на наводите во записникот му се предлага на одговорното лице во ДУД „Крсте Петков Мисирков“ Кавадарци да преземе соодветни мерки за утврдување на фактичката состојба, стои во писмениот одговор од Државниот просветен инспекторат.

Било наложено доколку  се утврди вина, да се преземат соодветни мерки согласно Законот за ученичкиот стандард.

-Утврдувањето на фактичката состојба не е во наша надлежност, тоа го врши Министерството за внатрешни работи, додаваат од Инспекторатот.

Пред неколку дена, МВР потврди за МИА дека полициски  службеници  привеле еден осумнаесетгодишник и двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години, во присуство на нивните родители, поради основано сомнение дека на 13 ноември 2019 околу 22 часот извршиле насилство врз малолетник, кој бил нивни цимер во интернатот.

Случајот во Полициската станица Кавадарци   го пријавил таткото  на малолетникот.

Најнови вести