недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца на двајца: Тепачка во угостителски објект во Скопје

Двајца на двајца: Тепачка во угостителски објект во Скопје
фото-илустрација

Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20 часот во угостителски објект на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.А.(31) од с.Кондово, скопско и К.Д.(31) од Скопје од една страна и С.М.(50) од с.Волково, скопско и неговиот брат С.Љ. од друга страна.

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.