четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Детали од МВР за драмата во црквата во Бутел: Познат идентитетот на момчето кое беше пронајдено со повреди

Детали од МВР за драмата во црквата во Бутел: Познат идентитетот на момчето кое беше пронајдено со повреди

Во СВР Скопје вчера во 16.45 часот било пријавено дека во еден од тоалетите во црквата „Св.Јован Крстител“ во населба Бутел бил пронајден И. Д.(22) со повреди.

И.Д. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош и се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од МВР.

Инаку како што претходно пишуваа медиумите, момчето кое имало нож влегло во тоалетот по што почнало да се боде по вратот и да си ги сече вените на рацете. Луѓето што биле во црквата виделе што се случува и повикале полиција. Кога дошле полицајците го затекнале момчето целото облеано во крв, по што веднаш со возило на Итната помош било пренесено во болница.