Откако беше нападната полициската службеничка таа се сретна со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
По средбата јавноста беше информирана дека таа сама се удрила, а функционерот на ДУИ, Бекир Асани само вербално ја нападнал.
Но, по острите реакции во јавноста, Спасовски побара да му ги достават снимките и дека истите ќе бидат доставени до јавното обвинителство.
Спасовски снимките ги бара од граѓани, а на местото каде се случил инцидентот насекаде има камери.
Оттука она што е реално, е МВР да го достави на јавноста видеото од нападот.
Кога видовме каде има камери, погледнете каде се случи немилиот настан.