сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Најава за поевтин роаминг со Грција од следното лето

Најава за поевтин роаминг со Грција од следното лето

Од следната летна туристичка сезона граѓаните ќе користат поевтин роаминг со Грција, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Она што можам да го најавам пред стартот на следната летна туристичка сезона е дека имаме соработка со дел од операторите кои функционираат во двете земји и дека граѓаните ќе имаат доста, доста намалени цени за роаминг со Грција, изјави Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата посветена на Стратегијата за јавна администрација 2018-2022.