Од утрово апликацијата за чет „Сигнал“ е целосно блокирана за користење во Македонија.
После Египет и Обединетите Арапски Емирати, Македонија е трета земја во светот во која започна да се блокира користењето на оваа апликација за енкриптирани разговори и размена на пораки.
Македонските корисници се соочуваат со неможност да испратат пораки, но и воопшто да се регистрираат на апликацијата како нови корисници бидејќи авторизацијата преку СМС е блокирана.
Оваа власт применува удбашки методи, се реагира на социјалните мрежи.
Но кога некој сака да изреагира добива нотификација дека пораката не може да се испрати.