вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Арнаудов: Заев ги затвори пратениците мислејќи дека со тоа ќе го заплаши македонскиот народ

Арнаудов потенцираше дека народот нема доверба во Зоран Заев и СДСМ бидејќи прашањата кои се од големо значење за македонскиот народ ги става на распродажба.
Арнаудов: Заев ги затвори пратениците мислејќи дека со тоа ќе го заплаши македонскиот народ

На еден начин овие погубни политики на владата на Република Македонија, предводена од  Зоран Заев, нивна крајна нетранспарентност и спрема останатите политички субјекти и спрема народот во Република Македонија и надвор во дијаспората, доведе до едно вакво обединување на целото македонско ткиво, рече поранешниот пратеник Ламбе Арнаудов во денешното негово гостување на емисијата „Алфаскоп“ на ТВ Алфа.

Според него, овие протести се од круцијално значење за спорот со името со Република Грција. Тој додаде дека Заев премногу се ослонил на поддршката на меѓународната заедница, тотално игнорирајќи ги интересите на македонскиот народ.

-Неколкумина од владата на Република Македонија ги започнаа разговорите со Грција, без знаење на сите политички субјекти дури и внатре во политичката партија на СДСМ, додаде Арнаудов.

Арнаудов потенцираше дека народот нема доверба во Зоран Заев и СДСМ бидејќи прашањата кои се од големо значење за македонскиот народ ги става на распродажба.

Арнаудов додаде дека кога Заев увидел дека овој начин не е добар, го презел најлошиот чекор односно почнал со политички реваншизам и ги затворил пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека со тоа ќе го запаши македонскиот народ, но како што рече тој, македонскиот народ има голема цврстина и се спротивставија на деструктивните политики на Зоран Заев.

Најнови вести