Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо синоќа на концертот во салата на Македонската филхармонија ја забавуваше публиката цели два часа.
Експлозијата од аплауз настапи пред изведбата на големиот хит „Ако ме питају“ и неговите зборови.
– Ви благодарам Скопје, ви благодарам Македонија. Можеби требаше да го кажам новото име, но некои работи се менуваат на хартија, а за мене Македонија останува во моето срце, истакна Грашо.
Во интимна атмосфера, три концерти исполнети до последното место, средбата на Грашо со скопската публика, во текот на цели два часа протече во заедничко пеење и играње, фотографирање… Одекнуваа најпознатите хитови на талентираниот Далматинец: „Ако те питају“, „Увик исти“, „Моје злато“, „Љубав једне жене“, „Ко нам брани“, „Уторак“, „Не знам за се“…
Грашо и ти си во срцето на Македонија!!!
???? pic.twitter.com/w7dg7HmIgF
— Reagan (@US_Reagan) December 15, 2019