вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Страмачони доби отказ од Спарта

Страмачони доби отказ од Спарта

Италијанскиот фудбалски тренер Андреа Страмачони денеска доби отказ од Спарта Прага, објави чешкиот клуб.

Поранешниот тренер на Интер, Удинезе и Панатинаикос е разрешен поради слаби резултати во текот на целата сезона.

Спарта е дури на петтата позиција во чешкото првенство, а на меѓународната сцена е елиминирана во 3.коло од квалификациите за Лига Европа.

Италијанскиот фудбалски стручњак доби на располагање над 15 милиони евра за засилувања, но не ги исполни очекувањата на раководството и навивачите.