Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани Гоце Савев кој неодамна си ја вработил сопругата Стојка Савева на оглас за наставник по предметот граѓанско образование во истото училиште каде што тој е директор, овој пат се заканува на ученици.
Имено тој преку соопштение на огласна табла во училиштето се заканува на ученици и вработени да не излегуваат на протест против загадениот воздух бидејќи тоа право не им е дозволено.
-Најостро се забранува било каква поддршка надвор од училишните активности како за учениците така и а професорите, стои во дел од соопштението до учениците и вработените.