Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ по веридбата ги почнаа подготовките за свадба, а изгледа дека пејачката е бремена.
Српска ТВ екипа ја снимиле пејачката како влегува во приватна гинеколошка ординација, па оттука и шпекулациите дека Пријовиќ е бремена.
Александра и Филип ќе го изговорат судбоносното „Да“ во јуни и не ја кријат среќата, што после повеќе од две години романса, ќе станат маж и жена.
На Пријовиќ сведок на венчавката ќе и биде колегата Ацо Пејовиќ, со кој пејачката минатата година го сними дуетот „Литар вина, литар крви“.
Пејачката не се огласила се уште по пишувањата во медиумите.