На 19.12.2019 во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение пријавиле дека од установата, самоволно, кај нејзиното момче, заминала нивната штитеничка М.Е.(17) од Скопје, која и претходно, во повеќе наврати, го напуштала домот и била враќана назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираа од МВР.