четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија во Скопје: Ја удриле со автомобил, па починала на Клиника

Трагедија во Скопје: Ја удриле со автомобил, па починала на Клиника

На улицата „Методија Шаторов- Шарло“ во Скопје, вчера во 18.00 часот патничко возило „тојота корола версо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А. (22) од Скопје, удрило во пешакот Ц.М. (74) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Ц.М. и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде на 23.12.2019 во 00.05 часот починала.

Известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.