понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВНИМАВАЈТЕ: Неисправна водата за пиење во некои делови од Охрид

ВНИМАВАЈТЕ: Неисправна водата за пиење во некои делови од Охрид

Водата од системите за водоснабдување на домаќинствата во селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел е со матност повисока од законски пропишаните вредности, така што не е исправна и не се преорачува да се користи за пиење.

Вчера и денеска спроведните редовни контроли на квалитетот на водата за пиење во дел од селските водоводи во општина Охрид покажале отсуство на дезинфекциско средство во посочените водосистеми, така што водата не е здравствено безбедна за пиење.

Од Центарот за јавно здравје во Охрид се апелира до населението во посочените села да избегнуваат користење на водата освен за технички потреби, додека до надлежните кои стопанисуваат со водоводите да преземат соодветни мерки за надминување на проблемот и обезбедат здравствено безбедна вода за пиење.

Центарот за јавно здравје Охрид редовно ќе ја следи состојбата и навремено ќе информира за квалитетот на водата за пиење во горенаведените села. Резултатите од анализата се испратени и до инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство во Охрид за натамошно постапување.