Братот на Бекир Асани, Бејтула Асани му се заканувал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, потврдуваат од ЗНМ.
Селмани добил порака на Фејсбук со заканувачка содржина, а од Здружението велат дека случајот е пријавен во полиција.
Заканите доаѓаат откако Селмани на својот Фејсбук профил напиша дека правната држава клекна пред еден силеџија, за случајот со пајакот и полицајката.
Очигледно со ова е запознаена и меѓународната заедница, бидејќи со осуда се огласи Претставникит на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир.