вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дете прегазено во Куманово, со повредени пренесено во Клинички

Дете прегазено во Куманово, со повредени пренесено во Клинички

Седум годишно дете, пешак вчера околу 18:40 часот  било прегазено од автомобил на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.

Од полицијата информираат дека детето било удрено од автомобил „Мерцедес“ кој го управувал 30 годишниот кумановец С.Д.

-По незгодата, детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничка болница Куманово, а потоа во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје, за понатамошно лекување, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.