Трагедија викендов во Кочани- маж падна од покривот на својата куќа и почина.
МВР информира дека во полициската станица Кочани било пријавено дека 63-годишниот Ј.А. од Кочани, при изведување градежни работи на кровот од неговата семејна куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Кочани, паднал и починал.
Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт.
Телото е предадено на семејството.