Дванаесетгодишната Моника Каримановиќ која беше киднапирана, синоќа по 10 дена потрага беше спасена од рацете на педофил и силувач.
Нинослав Јовановиќ најверојатно во четвртокот на сила ја донел Моника до селото Пасјача и заедно со неа се затворил во една куќа.
Сопственикот на истата забележал дека има некој внатре, по што повикал полиција. Киднаперот избегал пред да биде фатен, а девојчето спасено.
Српските медиуми сега објавуваат фотографии од собата во која престојувала малата Моника.