четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ: Пад на индустриското производство и бројот на работници во индустријата!

Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ: Пад на индустриското производство и бројот на работници во индустријата!

Погрешните економски политики на Владата предводена од СДСМ веќе ги чувствуваат производствените капацитети во Република Македонија, реагираат од комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ.

-Имено, согласно официјалните податоци на Државниот Завод за статистика, индустриското производство во ноември забележало пад од 2,1% на годишна основа. Најголем пад од 12% во ноември 2019 година забележува рударството и вадењето на камен кај сите три категории. Преработувачката индустрија забележува минимален раст од 0,7%, при што, повеќе од половина од индустриските гранки забележуваат пад, додека истовремено, производството на електрична енергија, гас, пареа и климатизација забележа двоцифрен пад, стои во Фејсбук објавата на комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ.

Дополнително, се забалежува континуиран пад на бројот на работниците во индустријата. Имено, во ноември 2019 година бројот на работници во индустријата се намалил за 2.8%, велат од комисијата.

-Неповолните резултати во индустријата во последните два месеци од година гледано низ призмата на индексот на индустриско производство и бројот на работници наговестува забавување на економскиот раст во четвриот квартал од 2019 година, потенцираат од комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.