понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган: Околу 250.000 сириски бегалци се обидуваат да влезат во Турција

Ердоган: Околу 250.000 сириски бегалци се обидуваат да влезат во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека околу 250.000 луѓе бегаат од северозападниот сириски регион Идлиб кон Турција, додавајќи дека Анкара се обидува да ги спречи да ја преминат границата.

– Во моментот од 200.000 до 250.000 мигранти се движат кон нашите граници. Се обидуваме да ги спречиме во некоја мера, но тоа не е лесно. Тешко е и тие се луѓе, истакна Ердоган.

Во Турција живеат околу 3,7 милиони сириски бегалци, а се стравува од нов бран мигранти.

Во Идлиб, последната територија на бунтовниците, живеат околу три милиони Сиријци и се стравува дека ќе има нов егзодус откако руските и сириските владини сили минатиот месец го интензивираа бомбардирањето на регионот.