понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Финската армија знаела дека Иран ќе нападне бази во Ирак

Финската армија знаела дека Иран ќе нападне бази во Ирак

Финската армија соопшти дека била предупредена дека Иран ќе ги нападне базите со американски војници во Ирак, објави весникот „Илта-Сономат“.

Но, финскиот весник не објави повеќе детали за предупредувањето. Финските војници во базата Ирбил, која беше мета на нападите биле заштитени во засолниште и не се повредени.

Иран истрела повеќе од 22 балистички проектили врз две воени бази во Ирак, а иранската Револуционерна гарда презеде одговорност, истакнувајќи дека нападите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани.

Пентагон потврди дека ракетите се лансирани од територијата на Иран при што се погодени базите Ал Асад и Ирбил, при што загинаа околу 80 американски војници.