сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новите билборди со поезија во Иран предизвикуваат загриженост

Новите билборди со поезија во Иран предизвикуваат загриженост

Неодамна во Иран се покрена прашањето „дали поезијата може да предизвика сообраќајна несреќа“, поради стотиците билборди со поеми на улиците на Техеран што може да им го одвлекуваат вниманието на возачите.

Посебно дизајнирани билборди се појавија во иранскиот главен град кон средината на октомври на иницијатива на општината. Има околу 600 билборди, од коишто некои заземаат и важно место над градските автопати што минуваат низ огромните сообраќајници.

Елегантно калиграфски, панелите нудат извадоци од делата на 104 современи поети, меѓу кои Нима Јуши, Мехди Ахаван-Салеса, Сохраб Сепехри и Хушанг Ебтехаја.

Во Иран поезијата се почитува како уметност. Новата иницијатива, сепак, предизвикува загриженост бидејќи читањето на овие долги текстови може да го одвлече вниманието на возачите и на тој начин да биде причина сообраќајни несреќи, според полицијата.

Надлежните за безбедноста во сообраќајот сметаат дека текстовите треба да бидат куси, за возачите „да не навлегуваат“ во напишаното. (МИА)