Воислав Попоски кој на социјалните медиуми се претставува како вработен во СДММ (Социјал-демократска младина на Македонија, подмладокот на СДСМ) синоќа на социјалните мрежи објави статус кој наиде на огромна осуда од јавноста.
Младиот сдсм-овец напиша дека поради Стојанче Стоилов и Кире Лазаров нашата репрезентција немало да ја има неговата поддршка.
Но, поддршка изгуби неговиот статус кој беше жестоко нападнат од многумина кои го здогледаа и му се чудеа на паметот. На неговиот профил повеќе го нема статусот.
Еден од одговорите беше – „Ало, у право си, тоа е репрезентацијата на Македонија, не на с…. биљмез еден, друга е оваа!“