среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Нацев на одбележувањето на 12 годишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Блаце, на одбележувањето не присуствуваа Шеќеринска, ниту Пендаровски

Нацев на одбележувањето на 12 годишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Блаце, на одбележувањето не присуствуваа Шеќеринска, ниту Пендаровски

Денеска се одбележаа дванаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, каде животот го загубија 11 лица, припадници на Армијата на Република Македонија. Со Почит и неизмерна благодарност кон нивната пожртвуваност, пишува на Фејсбук универзитетскиот професор Александар Нацев кој што присуствуваше на одбележувањето од трагичната несреќа.

ПС. Многу говори фактот што овој чин денеска беше заборавен од врвот на власта и надлежните, срамно, без поклон кон изгубените животи.
Вечна им слава на овие храбри луѓе, нека почиваат во мир!

Инаку, на одбележувањето од оваа трагична хеликоптерска несреќа во која загинаа 11 припадници на Армијата на Република Македонија не присуствуваа, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, ниту пак врховниот командант на АРМ, Стево Пендаровски.

Армискиот хеликоптер Ми-17 на овој ден пред 12 години се урна во селото Блаце кај Катланово, на само 50-ина метри од последните куќи во селото.

Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија.

Во несреќата немаше преживеани, а загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.

Единаесетте мировници се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.