четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Солскјер не гледа неопходност Јунајтед да купува напаѓач

Солскјер не гледа неопходност Јунајтед да купува напаѓач

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер не гледа нужна потреба клубот да купува нов напаѓач поради повредата на Маркус Рашфорд.

– Ние секогаш размислуваме за можноста за зајакнување на составот, а земајќи ја предвид повредата на Маркус, мора да го проучиме овој момент. Оваа сезона, многу наши важни играчи беа повредени. Ова не е многу добра ситуација во која се наоѓаме. Можеби ќе размислиме за краткорочни трансфери кои ќе ни помогнат да ја завршиме сезоната. Сепак, немаме очајна потреба да набавиме напаѓач. Имаме играчи кои сега едвај чекаат на својата шанса, истакна Солскјер.

Манчестер по 23 кола во Премиер лигата, има 34 бода од девет победи и седум нерешени натпревари со гол-разлика 36:27.