вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Секоја успешна во својата работа: Која била Мина и нејзините другарки кои загинаа во авионската несреќа?

Секоја успешна во својата работа: Која била Мина и нејзините другарки кои загинаа во авионската несреќа?

Мина Басаран (28) од Турција и нејзините седум другарки загинаа во авионска несреќа. Се враќале со приватен авион во Турција од Дубаи, каде ја прославиле моминската вечер на Мина. Сите 11 патника, меѓу кои биле и 3 члена на посадата загинаа кога леталото се сруши во планините на Иран. Приватниот авион бил во сопственост на компанијата „Басаран Холдинг“, на чие чело е турскиот бизнисмен, Хусеин Басаран, таткото на Мина.

Мина инаку била член на управниот одбор на Басаран Холдинг и наследничка на оваа компанија. Басаран Холдинг се занимава со градежништво, туризам, авијација, хотели, енергија…

Нејзиниот татко Хусеин е поранешен заменик претседател на фудбалскиот клуб „Трабзонспор“. Покрај тоа поседува луксузни станбени блокови кои ги нарекол по ќерката, „Кулите на Мина“.

Мина требало да ја наследи работота со недвижнини. Дипломирала на отсекот бизнис администрација на Универзитетот Коц, а магистрирала во Лондон. Се појавувала и во модни списанија, како што е Вог Турција.

Со Мина во авионот биле 7 нејзини другарки. Загинале Лиана Хананел, Зејнеп Коскин, Џасмин Бајрух Сајлони, Асли Измир, Аиша Анд, Синем Акаи и Бурку Урфали.

Лиана Хананел била основач на Лили енд Роуз, луксузен бренд на костуми за капење. Синем Акаи студирала мода во Италија и работела во овој сектор.

Бурку Урфали исто така работела во секторот мода, студирала на Техничкиот факултет во Истанбул, а подоцна во Њујорк. Во 2015 година ја покренала својата линија на облека Баг Јуниформ, која правела работни униформи.

Сајлони и Измир биле дизајнерки на накит и наследнички на Измир златарите.

Зејнеп Коскин била ќерка на Орхан Коскин, сопственик на компанијата Тојота во Бурса и најблиска пријателка на Мина. Студирала во Њујорк и работела како психолог во Турција.

Инаку, богатата наследничка била свршена за бизнисменот Мурат Гезер и требало да се венчаат на 14 март во Истанбул.

Според последните инфромации, авионот во кој биле девојките влетал во дожд, се срушил на планините и се запалил.