Македонските ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалето на Европското ракометно првенство за мажи кое оваа година се одржува во три земји, Шведска, Австрија и Норвешка.
Конечно македонскиот судиски пар, кој важи за еден од најдобрите во светот, добива можност да ја потврди уште еднаш својата екстра класа меѓу ракометните судии.