недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Верижна сообраќајка на патот Делчево- Штип: Две лица повредени

Верижна сообраќајка на патот Делчево- Штип: Две лица повредени

Вчера во 13,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево -Штип, во близина на Подлошка крстосница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од В.Н. (42) од село Амзабегово, патничко моторно возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.Д. (35) од село Стар Караорман, патничко моторно возило “туран“ со струмички регистарски ознаки управувано од Д.Ј. (66) од Виница и патничко моторно возило “туран“ со кочански регистарски ознаки управувано од Б.А. (51) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „сеат“ П.Н., а со телесни повреди се здобил возачот Б.А. по што биле пренесени во ЈЗУ Кочани за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.