Министерството за надворешни работи информира дека според информациите од македонската амбасада во Кина, до овој момент таму не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со корона вирусот. Нема пријавени ниту македонски државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење на кои им е потребна помош.
Министерството за надворешни работи исто така информира дека во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани, а македонската амбасада е во постојан контакт со нив.
Македонските граѓани за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или мејл [email protected].