петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

12,7 милиони народни евра за медиуми: Порано беше корупција на медиумите, а сега е „буџетско“ финансирање?!

12,7 милиони народни евра за медиуми: Порано беше корупција на медиумите, а сега е „буџетско“ финансирање?!

Буџетското финансирање медиуми, и преку изборните кампањи и преку субвенциите, е ризик за корупција и политичко влијание врз јавните гласила, особено во предизборниот период, пренесе агенцијата Мета. Оваа констатација ја делат и новинарските здруженија, невладините организации, но и Државната комисија за спречување корупција, која за ризикот што го носат државните пари во медиумите од неколку аспекти пишува и во својата проценка на ризици од корупција, но и во новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Ризикот го нотираше и ОБСЕ/ОДИХР во своите извештаи за претседателските избори.

Иако Владата, според препораките на извештајот на Прибе, во август 2017 донесе одлука со која веќе нема да се рекламира во медиумите, јавните гласила и понатаму добиваат пари од државата.

Повеќе од 5,4 милиони евра од државниот буџет им биле платени на медиумите за јавна пропаганда за референдумот за името во септември 2018, за кампањата за претседателските избори и како субвенции за печатени медиуми минатата година. Само годинава, пак, државата предвидува да потроши меѓу 4,6 и 7,3 милиони евра за кампањата за предвремените парламентарни избори и за годинешните субвенции.

Целиот извештај на Мета прочитајте го овде:

Најмалку 12,7 милиони евра јавни пари во медиумите до крајот на годината