Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, А.М. (40) од Скопје пријавила дека во основно училиште на улица „Среќко Пужалка“, по претходна расправија, била физички нападната од С.Т. (65) од Скопје, вработен како чувар во училиштето.
Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.