недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчерашниот, но сепак е за 12 сантиметри понизок од просечниот за февруари, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, но кај Преспанското Езеро водостојот е за 77 сантиметри понизок од вообичаениот за овој период од годината, додека кај Дојранското е повисок за 2,86 метри.

Пониски од просечните се и водостоите на сите реки во земјава и во најголем дел се намалуваат во однос на вчерашните.

Најнови вести