вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пишчек во Борусија до 2020 година

Пишчек во Борусија до 2020 година

Полскиот фудбалер Лукас Пишчек го продолжи договорот со Борусија до 2020 година, објави денеска бундслигашот од Дортмунд.

Овој 32-годишен десен бек доколку го одработи договорот до крај ќе зокружи точно една деценија во таборот на „милионерите“.

Досега има одиграно 288 натпревари и постигнато 16 гола. Беше дел од тимот кој освои две последователни титули во Бундеслигата и го одигра финалето на Лигата на шампионите. Има и  два национална купа.

Со Пишчек во тимот, Борусија нема загубено натпревар 16 месеци, поточно од дуелот со Ајнтрахт во Франкфурт (2: 1) на 26 ноември 2016 година.