вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Круниќ најмалку еден месец надвор од теренот поради скршеница

Круниќ најмалку еден месец надвор од теренот поради скршеница

Играчот од средниот ред на Милан, Раде Круниќ ќе пропушти барем еден месец поради скршеница на десната нога, пренесува прес-службата на клубот.

Ренген снимките покажале фрактура на третата метатарзална коска на десното стапало.

Фудбалерот се повреди на еден од последните тренинзи пред утрешното градско дерби со Интер.

Предвиднео е играчот да помине низ традиционален третман без операција. За еден месец, Круниќ ќе мора на контролно снимање за да се утврди дали коската зараснала.

Од почетокот на сезоната, 26-годишниот Босанец постигна еден гол и една асистенција на 18 натпревари во сите натпреварувања. (МИА)