Израелските воздушни напади во Сирија ја дестабилизираат ситуацијата во земјата, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
– Израелските напади на сириска територија спаѓаат во дестабилизирачки фактори, оцени Захарова.
Според неа, таквите еднострани акции не само што го подриваат суверенитетот на Сирија, туку и загрозуваат животи и безбедноста на цивилите.
– Тоа се случи на 6 февруари, кога патнички авион со 172 луѓе речиси дојде на линијата на огнот поради акција на израелските воздухопловни сили, вели Захарова.