Крајот на СДСМ се ближи. Главата на октоподот излегува на виделина, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во снимката која што беше објавена во јавноста може да се слушне како аболицираниот криминалец Зоран Заев признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за „Рекет“ заедно со Катица Јанева. Во снимката Зоран Заев вели дека помошта била во пари поточно околу маркетингот на телевизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот кој е поврзан со изградбата на старски домови кои што беа дел од онаа невладина организација „Меѓународен Сојуз“. Наместо СДСМ да ги манипулира граѓаните, редно време е да одговори за аферите кои произлегоа, а вмешан е Зоран Заев и половина од нивното раководство, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека решението граѓаните на Република Македонија веќе одамна го знаат, а тоа е дека Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власт и никогаш да не се вратат.
-Граѓаните знаат дека кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на секое поле. Нема закон кој СДСМ и Зоран Заев не го прекршија и тоа не ги избавува од одговорност. На 12-ти април Зоран Заев и СДСМ нема да побегнат од одговорност и ќе одговараат пред лицето на правдата. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе, се заклучува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.